Треската наречена „Friends“ достигна нови височини после најновата средба на глумците во рејунионот (нашиот благо разочаран текст за тоа е овде), па светските медиуми се раскостија од рециклирање фотографии, текстови, колумни и објавување нови осврти. Од овие причини и повторно во фокус влезе една од највлијателните фризури на сите времиња: The Rachel.
Откако се појави тизерот, побарувачката за фризурата пораснала за 179%, според Just My Look.
Проблемот е што the Rachel е ужасно тешка за одржување поради многуте слоеви, но добрата вест за тие што сѐ уште ги интересира, е што постои ТикТок, а бидејќи на ТикТок има СЀ, има и совети како да си го решите тој проблем. Ви требаат само хаштагови #RachelGreen и #90shair.
На Инстаграм, една популарна hair guru ја објави the Rachel 2.0, сосе степените што го врамуваат лицето, дури нудат и чекор-по-чекор рутина за одржување.
„Најдобро функционира ако косата ви е веднаш над рамената и оваа должина навистина може да го истакне тој ’90-изглед. Но, ако ви е малку подолга косата, можете да пробате со посовремен пристап. The Rachel има многу слоеви, па ова ќе ви помогне да добиете на волумен.“
И вели вака:
Чекор прв:
Клучно е косата да ви биде лесна и разлетана и да не поминува премногу време меѓу две миења. Користете шампон за зголемување волумен.“
Чекор втор:
„Откако ќе ја измиете косата и додека е уште влажна, ставете маслен серум за да добиете мазна текстура, спремна за стилизирање.“
Чекор трет:
„За да ја завршите фризурата, исушете ја косата со фен, со округла четка и немојте да ја исправате затоа што ќе го загубите волуменот што сте го постигнале.
Нели е многу симпатично како некои фризер(к)и мислат дека сме способни дома ова сами да го изведеме? И дека нема никакви шанси (а има, 99,9%) да се откажеме, да натнеме пунџа и да се молиме дека „растурена пунџа“ уште може да пројде како фризура за надвор од дома?