Знаци дека си го трошите животот без врска

Ако сте воодушевени од својот живот, не мора да читате. Сепак, статистички, шансите да сте пресреќни се некои 24%, што значи веројатно имате простор за подобрување.

Честа компонента на тагата е чувството на загуба, без разлика дали е физичка, или нешто „што би можело да биде“. За многумина, се работи за горчлив вкус, каење и самобвинување за потрошеното време и за потенцијалот што не е достигнат.

Цената на промената не е така висока колку што ни се чини, но често се фаќаме на една стапица каде што не ни се губи битката, или вложеното, без разлика што се гледа дека не може да се победи. Ова на пример може да се однесува на врски без иднина, удобни, но неисполнувачки. Може да бидат катастрофални финансиски одлуки и инвестиции. Психијатриските ординации се полни со луѓе во средни 30-ти и едно истражување кое набљудувало 1500 души над 65 години, со прашање „за што им е најмногу криво“, открива дека главно жалат што не го избрале вистинскиот партнер, што не граделе посилни пријателства и не ризикувале повеќе во кариерата.

Решението лежи во проценката на напуштањето, во однос на останувањето - значи колку ќе нè чини промената.

Каква и да е ситуацијата, знаците дека животот тече без вас се исти:

1. Истата личност сте од лани и од годините претходно. Нема развој или размислување за грешките и како да се оди напред.

2. Останувате во истата ситуација затоа што ве плаши идејата за промена, и покрај тоа што цената на тоа нештата да останат исти е многу повисока.

3. Експерт сте за нешто што не додава никаква вредност на вашиот живот. Истражете си ги талентите и дајте им време да се развијат. Не мора тоа да биде мајстор за реплики на коментари на Фејсбук.

Авторот Шон Кернан за Јаху пишува:

„Татко ми ми одржа предавање кога бев тинејџер. Да вложуваше толку време во учење колку што вложуваш во тие игрици, се прашувам каде ќе беше сега. И не згреши. Станував бизарно добар во некои игри, по цена на мојот социјален живот, оценки и опции за студирање. Тоа што ми го кажа ме мачеше со години откако го напуштив гнездото.

Две децении подоцна, откако се разделивме со жена ми, имав голема празнина во животот, огромно слбодно време и ресурси што знаев дека мора да се исполнат како што треба. Во минатото бев експерт за различни ништа. Не ми ја полнеа ни сметката во банка, ниту ме правеа горд.

Почнав да пишувам. Долго фантазирав за пишување, но не можев да се натерам да пробам. Ми стана прво секојдневно хоби неколку години. А денес, тастатурава ми плаќа сметки, осигурување и рати.“

Не сонувајте за работи што не придонесуваат со ништо. Одлучете се за промена што може само да донесе добро и без разлика што лесно е да се каже да отстраните сѐ што би предизвикало чувство на каење, почнете со малку. Ни од малку нема зијан.

31 јануари 2025 - 13:29