Неодамна, Жилет Венус сподели слика од плус-сајз моделот Ана О’Брајан, во обид да ја слави разноликоста. Обидот наиде на сериозни критики, според кои компанијата нормализира нездрав живот на сличен начин како што тоа го прават други компании со преслаби манекенки.
Ана има блог, со наслов Glitter + Lazers. „Го водам со срце, што значи моите мислења не се купуваат,” пишува таа на блогот. „Ако дадам позитивна критика на нешто, тоа значи дека навистина ми се допаднало. Може да добијам нешто, или во одредени случаи да ме платат за да експериментирам со производ, но секоја соработка доаѓа со тој ризик - ќе го напишам она што го мислам. Главни виновници за ова се етиката и моралот со кои сум родена.”
Сè тоа супер, ама дали најсериозно ќе тврдиме дека „вака е подобро, не тоа костурите на Викторијас Сикрет?”
Има над 318.000 следачи на Инстаграм, и речиси 100.000 на Јутјуб и не завршува тука. „Истовремено сум и успешен говорник - имам презентирано во над 10 земји,” вели таа. „Позната сум по спонтаните и интересни презентации и мојата способност да трансформирам тешки концепти во чекори што лесно можат да се извршат.”
Добро, ама...
„Ова не е здраво. Супер ми е што има самодоверба... навистина. Но, да умреш млад од инфаркт не е нешто што треба да се препорачува.”
Од Жилет Венус тврдат дека моделите не им се ретуширани. „Не постои само еден начин да се има убава кожа или да се покаже,” пишуваат. „Венус стои покрај сите жени кои ги креираат правилата.”
Да, ама...
„Брич за луѓе во величина на Венера. Фин маркетинг.”
Овој маркетиншки потег на Жилет ги запали социјалните мрежи на тема тело и проблеми со јадење. Според Националната асоцијација за нарушувања со исхрана, 20 милиони жени и 10 милиони мажи (Американци) имаат такви проблеми во одреден период од животот. „Нарушувањата во исхраната се сериозни болести опасни по живот и секакви луѓе можат да страдаат, без разлика на пол, етничка припадност, големина, возраст или историја. Всушност, ваквите нарушувања се втори по стапка на смртност меѓу сите нарушувања на менталното здравје. Пострашна стапка има само зависноста од опијати.”
Ако луѓето конзумираат помалку калории од она што им е потребно, телото го користи сопственото ткиво за гориво. „Прво се нарушува работата на мускулите, а најбитниот мускул во телото е срцето. Пулсот и притисокот почнуваат да опаѓаат, бидејќи срцето послабо пумпа. Колку послабо работи, толку е поголем ризикот да откаже.”
„Жилет, поздрави муштерии се подолго живи и повеќе купуваат. Доста промовирате долгорочно нездраво однесување само затоа што сакате да изгледате како социјално освестен бренд на кратки стази. Неодговорно е.”
Од друга страна, гојазноста бидејќи освен што предизвикува очигледни физички промени, води до бројни сериозни услови кои знаат да бидат заканувачки по живот. Така се добива дијабетес тип 2, срцеви заболувања, различни типови на рак како рак на града и црева и удари. Влијае и на квалитетот на живот и статистички води кон психолошки проблеми, депресија и ниска самодоверба.
И,
„Сакате да се забрани Викторијас Сикрет затоа што е нездраво или нереално, а ова е екстремно нездраво и не треба да се промовира. Светот отишол наопаку.”
А еве од кај храброст за сето ова.