Жена на жена ѝ е жена

Активистката и актерка Роуз Мекгоуан ја нарече Натали Портман „лажна“, за носењето наметка со имиња на режисерки на Оскарите.

За ова се работи.

Во пост на Фејсбук, Мекгоуан рече дека Портман „протестира на начин што добива одлични критики во мејнстрим медиумите“, но „повеќе како глумица што игра улога, отколку некој што навистина е загрижен на темата. Како и повеќето.“

Додава и дека „тој тип на активизам е многу навредлив за нас кои вистински работиме на случајот.“

Ја обвинува и дека не успева достојно да ги поддржи женските филмаџии со соработка или најмување преку нејзината продукција. Вели дека Портман само два пати ја режирале жени (од кој еднаш сама себе се режирала). Портман работеше со Мира Нер на компилацијата од кратки филмови „Њујорк, те сакам“ и со Ребека Злотовски на „Планетариум“.

Компанијата на Портман, Хендсомчарли Филмс има учествувано во седум филмови, меѓу кои и „Без обврски“ и „Гордост, предрасуди и зомби“.

Мекгоуан ги има мемоарите со наслов „Храбра“, за наводното искуство со Харви Вајнстин во 2018 и многу филмови зад себе, а се проби во рани 2000-ти после „Џобрејкер“ и врската со Мерилин Менсон. За време на и после хаосот за Харви Вајнстин стана гласен активист за борба против злоупотреба на жени во филмската индустрија и општо, но сепак, смета дека постои само еден начин да се поддржи нејзината кауза - по нејзино. 

На крај, на Натали Портман ѝ напиша:

„Ти си проблемот. Те истакнувам тебе затоа што ти си последната во долга низа актерки што глумат жени на кои им е гајле за други жени. Актерки што наводно се залагаат за жените, но реално ништо посебно не прават.“

12 февруари 2020 - 13:38