Затоа што балони и торти се демоде

Зошто да не го откриете полот на детето со лазањи?

На некој гарант му дошло преку глава од сите тие видеа и сликички од gender reveal трендот, нешто што не фати корен кај нас: родителите не сакаат докторот директно да им каже дали имаат машко или женско, па бараат ординацијата да испрати писмо до избрана слаткарница или фирми што регулираат забави (со балони, конфети и слично), па од таму им праќаат нешто плаво или нешто розево сокриено во кутија, торта и слично, па они тоа го отвараат пред народ и така знаат дали е машко или женско.

И тој некој рекол, „ај да видиш дека ако им пуштиш муабет за нешто глупо, како лазањи на пример, и за тоа ќе се закачат.”

И бил во право.

И тој некој има италијански ресторани, синџирот Villa Italian Kitchen, и минатата недела објави дека го воведува „Откривањето на пол со лазањи”, кои инаку се прават со увозни тестенини, Алфредо сос, рикота и моцарела. И идните родители можат да си ги нарачаат, а внатре можат да очекуваат  фарбан розев или плав кашкавал, во зависност од тоа какво потомство чекаат. Доаѓа со ролатчиња со лук и зелена, Цезар или грчка салата, сè заедно за 140 долари. За 12 души.

И така.

Толку напор, за на крај да ти рече дека е пансексуалец.

27 јануари 2019 - 23:25