Заедно тргнуваат на нешто што Лартиг го памети како „вечен одмор“, две години на југот на Франција каде што го документирал нејзиниот стил и бескрајно фотогенична силуета. Му станала Мона Лиза, но како и за вистинската Мона Лиза, многу малку се знае за Рене Перл. Откако им завршила врската во 1932, како да исчезнува од светот, како да постоела само во фотографиите.
Она што се знае е дека доаѓа од романско еврејско семејство и кога стигнала во Париз, почнала да работи како модел за кројачот Долие. Успеала да ја избегне нацистичката инвазија, подоцна се омажила, а починала во 1977, во јужна Франција, повторно на местото каде што е овековечена нејзината романса од младоста. Во 2000-та, нејзините потомци тивко објавија 340 невидени фотографии кои ја документираат нејзината врска со Лартиг и ги ставија на аукција. Таа грижливо ги чувала речиси 50 години, се до нејзината смрт.
Нема дневници и не ја раскажала нејзината приказна, но фотографиите на Лартиг ја претставуваат како вљубена жена. Во негов дневник, Лартиг, кој инаку бил плејбој фасциниран од жени и брзи коли има напишано:
„Рене! Таа е нежна, посветена, страствена. А над сето тоа, вљубена е. Секогаш прави сцени. Љубомора е, или лудило? Можеби е потреба да биде нападната, да биде несреќна, да плаче - само заради помирувањето потоа? Јас сум премногу приземјен, премногу набљудувач и премногу лош глумец за да паднам во... Во таа игра што Рене сака да ја играм.“
Додека тој ја фотографирал, таа експериментирала со автопортрети, речиси опсесивно илустрирајќи го сопственото лице, одново и одново. Не се знае каде се тие слики денес, освен за една која ѝ припаѓа на нејзината посвоена ќерка.
„Само една слика ми паметат очиве... Нејзината уста врз мојата, долги, голи нозе, коса на мојот образ. И тој мирис! Колку посакувам да ја зачувам секоја скапоцена секунда од љубовна афера... Атмосферата, боите, димензиите и парфемот.“ -Жак Анри Лартиг