За време на пожарите, Џек Николсон ја викал Анџелика Хјустон кај него дома

Веста е за луѓе што никако не можат да ги прежалат ‘90-те и каков пар беа Џек Николсон и Анџелика Хјустон.

Фото: EPA

Долго откако ја прекинаа бурната врска, се случуваше на Оскари додека Хјустон е на сцена, да го уфрлат Џек Николсон во кадар.

Заедно беа (со прекини) 17 години, од 1973, додека не ја изневери (сосе добивање дете од друга жена). Сепак, нивното пријателство трае и со магазинот Пипл, Хјустон сподели дека за време на пожарите во Лос Анџелес, кога морала да се евакуира од нејзиниот ранч на Сиера Невада, Николсон ѝ се јавил да ја покани да седи кај него додека не помине опасноста.

„Телефонот заѕвони неочекувано и беше тој. Секогаш ми е пријатно кога ќе се јави... Беше неверојатно симпатично. Неколку пати сум размислувала за тоа и следниот пат ќе ја прифатам поканата.“

Едвај се гледаат, од многу банални причини, скоро балкански:

„Кај него цело време го прават патот и ми требаат часови за да стигнам на гости и тоа секогаш ме нервира. Секогаш му доцнам и него тоа го иристира.“

Татко на Анџелика ѝ е легендарниот Џон Хјустон во чиј филм, Prizzi's Honor, има глумено заедно со Џек.

Таа сѐ уште работи, а Џек е во пензија и се нема појавено во ништо ново уште од 2010, освен на 50-годишнината на СНЛ, кога го најави Адам Сендлер.

Вакви беа:

14 април 2025 - 00:00