Кога работиш во продавници за козметика, за шминка учиш и повеќе отколку што ќе ти затреба. Вработените во Сефора на пример, мораат совршено да ги познаваат и продавниците и производите, особено за да знаат како тие производи ќе им се погодат на клиентите, плус како треба да се нанесуваат. Сите што се вработуваат таму треба и однапред да познаваат шминка, но во задолжителните обуки на компанијата (техники, создавање мириси и наука за кожа) се запознаваат со тематиката на едно многу подлабоко ниво.
Сега на ТикТок, поранешни и сегашни вработени на Сефора споделуваат совети за шминка што ги научиле за време на обуките, плус производи кои ги откриле додека работеле таму, а се еквивалент на Светиот грал.
Корисничката @babyvampbeauty има цела серија на апликацијата, посветена на најдобрите совети од обуките на Сефора. Во првото видео од серијалот, споделува процес за совршено симетрично исцртување на усни. Со молив за усни кој е малку потемен од природниот тон, црта кратки линии на средината на усните, на крајните агли и на дното; од таму само ги поврзува.
Во други клипови, споделува совети за нанесување пудра, блендирање сенки за очи, контурирање нос и секоја друга шминка што може да ви падне на памет.
Освен нејзе, истото го прави и @kyragallego, со совети, производи што мора да сеимаат дома, дури и совети како да се вработите како консултант за убавина.
На пример, за сува кожа, вели дека „не треба да се користи четка на лицето, туку влажен сунѓер… сунѓерот ќе помогне сѐ да се истапка и да изгледа фино и хидрирано. Ако кожата изгледа премногу напудрено, пробајте со хидрирачки спреј за да се стопи правот.“
@miniinaaz споделува производи што можат да се купат во Сефора (за тоа ќе почекате кога нема да биде страшно да се патува, бикоз - кај ќе најдете Сефора тука), а такви совети има и кај @nicolecaravella4.
Доволно е само да се разгледа што има под тагот #Sephora и ќе најдете многу корисници, полни со муабет и совети за убавина, плус повремено со по некоја занимлива приказна од работно време.