Веројатно првото ненаместено видео со '73 прашања' на Вог

Видеата каде што забрзан лик од Вог оди по славна личност низ нејзиниот дом или работно место и поставува прашања се секогаш интересни, само што, толку спремно одговараат, што те тера да се запрашаш, толку сте јаки, или сепак е малце сценарио?

Сме го имале и она пријатно видео со Сара Џесика Паркер, па видовме дека Донатела Версаче не е вештица, па какво дете родила Дајана Рос, и се тоа беше забавно за гледање, ако го игнорираш фактот што они така среќно отвараат врата (ај, тоа не се ни трудат да се преправаат дека е спонтано) и што одговараат како отсекогаш да чекале баш тие 73 прашања да им ги постават и се спремале од детство.

Е па, новото е со Лејди Гага и нема ни „ехеееј!” отварање врата, ни одговори како од пушка, ни „ова ми е саксија од Франкфурт” ни оној глуп што се јавува да праша нешто за жена му. Дали го менуваат целиот концепт, или на Гага едноставно не ѝ се преправало, не знаеме, ама фино е да се види. И да се чуе што има да каже.

17 септември 2018 - 11:08