Важни прашања и уште поважни одговори за бременост

Ова доктори не го кажуваат. Можеби некои баби, ама не сме сигурни.

1. Треба ли да родам дете после 35?
- Не, 35 деца се доволно.

2. Кој е најверодостоен метод да се дознае полот на детето?
- Да го родиш.

3. Жена ми е петти месец и цело време се жали, понекогаш станува и ирационална.
- И, што е прашањето?

4. Инструкторот за раѓање вели дека тоа што се чувствува при пораѓање не е болка туку притисок. Навистина ли е така?
- Да, исто како што торнадото е воздушна струја.

5. Кога е најдобро да се прими епидурал?
- Веднаш штом ќе дознаеш дека си трудна.

6. Дали има причина да морам бидам во салата додека се пораѓа жена ми?
- Не мораш, освен ако зборот алиментација не ти значи нешто.

7. Треба ли да избегнувам нешто додека се опоравувам од пораѓањето?
- Да, бременост.

8. Бебето ни се роди минатата недела. Кога ќе почне жена ми да се чувствува и да се однесува нормално?
- Кога децата ќе одат на факултет.

извор

20 мај 2021 - 15:03