Уште еден бизарен предизвик што чини живот

Четиринаесетгодишно дете во Бразил умрело откако си инјектирало остатоци од пеперутка измешани со вода.

Дави Нунес Мореира умрел во болница во Планалто, Бразил, откако почнало да му откажува срцето и да повраќа. На татко му му кажал дека се повредил при игра.

После влошувањето на состојбата, дознале дека откако бил во аптека, измешал мртва пеперутка со вода и смесата си ја шприцнал во нога. Се верува дека умрел од токсините во миксот, кој предизвикал телото да му откаже и да влезе во септичен шок.

Некои бразилски медиуми отворено шпекулираат дека се работи за експеримент што го видел онлајн, иако Дави одрекувал пред да умре.

Консултирани специјалисти за пеперутки велат дека инсектот има комплексна биологија и течностите што ги има во телото не се доволно длабински истражени во однос на нивната токсичност за луѓето. Она што во себе го има пеперутката-монарх ѝ дава ужасен вкус за предатор, а тревите со кои што се храни уште како гасеница се токсични и остануваат во телото.

Лани, на инфлуенсерка од Бразил за малку ќе мораа да ѝ ги ампутираат нозете затоа што не можеше веќе да оди, откако ги држеше  во кофа со мраз и сол како онлајн предизвик. Сега низ дома се движи со столица на тркалца.

26 февруари 2025 - 15:35