Три-неделното правило на Сем Роквел и Лесли Биб

Заедно се од 2007, а за брак нема никаква најава. И очигледно нема потреба.

Лесли Биб ја гледаме сега во „Белиот лотос“, а Сем Роквел, освен што се појави на кратко во истата серија, сме го гледале во некои од најдобрите филмови некогаш сработени - „Џоџо Рабит“, „Зелената Милја“ и „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, меѓу другите.

Нивната врска ја држат подалеку од очите на јавноста, но често се појавуваат и се поддржуваат на настани и церемонии. Роквел нема социјални мрежи, но повремено се појавува кај Биб.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leslie Bibb (@mslesliebibb)

За нивниот однос, во еден момент имаат споделено занимливо правило, со оглед на тоа што и двајцата се актери, често снимаат на различни места и поминуваат време одвоени.

Биб сподели една фотографија со текст:

„Повторно заедно... И супер е... понекогаш правилата мора да се прекршат и нашето правило за три недели, се претвори во правило за три месеци заради распоред...“

„Правилата“ за кои зборува се всушност нивни правила за врската да им остане силна.

Во интервју за Us Weekly, Роквел сподели:

„Имаме правило да мораме да се видиме во рок од две до три недели. Стануваш премногу независен ако се четири недели, па пет недели.“

Сепак, на крај додава дека врската им е успешна заради хуморот и затоа што внимаваат еден на друг.

24 март 2025 - 00:00