Трендот за нокти е „сапун-нокти“

Чисто, свежо и средено.

Лакирајте се како сакате, ама ова не само што е тренд, туку е и убав тренд (знаеме дека има и ужасни).

Soap nails се слични на „млечни нокти“, но многу понежни и попрозирни. Ги сметаат за врвот на естетиката „чиста девојка“ и целта е да изгледаат средено, па бараат и прецизна работа.

Се нанесува сјаен лак на едвај пораснати нокти, често со прозирни или млечни нијанси под него за поголема длабочина. Сега е популарно заради можноста да се комбинира во секоја прилика, елеганцијата и изгледот што остава впечаток како да не е вложен никаков напор. Плус, полупрозирни кратки нокти им одговараат буквално на сите прсти.

Среќа па не мора да се оди „на нокти“ за ова. Одберете сјајни, млечни лакови и откако ќе ги средите ноктите, пробајте дома.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ФЕН DRY BAR (@fendrybar)

18 февруари 2025 - 00:00