Треба ли да миеме лице два пати на ден?

Толку многу рутини и совети никнаа од сите страни, што станува тешко човек да следи сѐ што се препорачува. Работи ли ретинолот? Навистина ли витамин Ц измазнува ситни брчки? И на крај, може ли миењето лице два пати дневно да води до чист, мазен тен? За последново, особено во време кога не излегуваме од дома како порано, има дискусија.

Дури и ако го ограничувате изложувањето на надворешните елементи, миење лице два пати дневно и секогаш добра идеја. Наутро е добар начин за отстранување на мртвите клетки на кожата што се појавуваат додека спиеме, а пред спиење ја отстрануваме шминката, плус себум и маснотии насобрани во текот на денот.

Види и: Сѐ што треба да знаете за ретинолот

Се разбира, има едно „но“. Ако имате осетлива кожа, треба два пати, но притоа да се внимава како се мие лицето. Најдобро е да се избегнува топла вода (ја оштетува кожата и влошува егзема и розацеа), и дехидрира. Од друга страна, млака или ладна вода намалува воспаленија и смирува чешање. Всушност, можете да го пробате тоа на следните две бањања - еднаш на жешко, како што и ве тера времево надвор, еднаш со сила на ладно, па ќе ви стане јасно во кој случај е кожата посреќна.

На крај, производот што го користите за миење на лицето е еднакво важен колку и честоста. Треба внимателно да одберете производ за типот на кожата, или ризикувате сушење, што понатаму може да ја направи уште помасна.

Off Café препорака за успешно миење и нега лице:

18 јануари 2021 - 00:00