Том Хенкс и Рита Вилсон се заразени со коронавирус

„Сега што правиме?“

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон објавија дека се тестирале за COVID-19 и тестот е позитивен.

Во моментов се во Австралија, а за ова објавија на Инстаграм - дијагнозата ја добиле откако се тестирале поради тресење и „мала температура“.

„Здраво, дечки. Рита и јас сме во Австралија. Малку се чувствувавме уморни, како да сме настинале и нѐ болеше телото. Рита малку се тресеше повремено. И мала температура имавме. За да бидеме одговорни, како што му е потребно на светот во моментов, се тестиравме за Коронавирус и позитивни сме,“ пишува Хенкс на Инстаграм. „И така значи. Сега што правиме? Официјалните медицински институции имаат протоколи што мораат да се следат. Нас ќе нѐ тестираат, набљудуваат и изолираат колку и да го бараат тоа јавното здравје и безбедноста. Нема што многу да се прави освен да се следи од ден на ден, нели? Ќе ве известуваме. Чувајте се!“

И до таму сме.

Зошто сме извадени од памет?

12 март 2020 - 02:46