Два комшиски, распаднати тавани без купатила, кујни или било каков водовод, добиваат комплетна трансформација. „Мајсторите“ се дуото архитекти ФРЕР ВОАРАН и од таваните прават функционален и модерен микро-стан. Ако тргнавте да се буните дека е микро, да си знаете дека во Париз е 10.000 евра квадрат и дека повеќето млади се принудени вака да живеат - и тоа неретко изнајмуваат вакви, а не па да можат да ги купат.
Во секој случај, ова изгледа многу подобро на видео, отколку на текст.
Отстранувањето на лажниот таван отворило простор за компактна спална соба и туш кабина. До таму се стига со геометриски скалила, бели како таваните и ѕидовите, во кои е скриена машина за перење, тоалет и простор за складирање. Кујната е вклопена под горниот кат и се затвора со панел. Простор има дури и за полица и Г-гарнитура, со ќоше за читање покрај прозорецот што гледа кон покривите на Париз.