„Степфордска кожа“, или зошто сите ѕвезди изгледаат како пред 20 години

Се наоѓаме во нова ера на естетски корекции што раѓа нов изглед и сега изгледа како сите да се фатиле на орото.

Терминот го измисли новинарката и критичарка Џесика ДеФино од Њујорк Тајмс, како движење што го менува релјефот на козметичките трендови, но и технолошкиот напредок во естетската индустрија. Комбинација од „Инстаграм лице“, плус изглед како кукла, плус идеологија на традиционална сопруга. ДеФино го гледа како продолжување на киборг-стандарди за убавина - она кога не знаеш што точно забележуваш, а знаеш дека е чудно, поточно новото лице на Линдзи Лохан, или Меган Фокс во Subservience.

„Кога на женското тело се гледа како на машина, во ред е ако не било претходно програмирано со совршени карактеристики,“ пишува таа. „Напредната технологија овозможува незабележливи козметички зафати, со фокус на симетрија, мазнотија и нестареење).“

За неупатените, Инстаграм-лице е оној многу исфилтриран изглед што стана норма во козметичката индустрија последниве седум години, со помош на филери. Сепак, како за 2025, ѕвездите бираат „да не се гледа“.

На ТикТок, пластичниот хирург Др. Прем Трипати го опишува новото време како the undetectable era:

„Ова е огромна промена од пред пет години кога гледавме многу филери - веднаш се знаеше што имаш направено, а ако не се знаеше, тогаш секако се знаеше дека има нешто. Сепак, сега има тренд на природно и нормално,“ вели тој во едно видео на ТикТок. „Не дека снема филери, но луѓето користат биостимулатори како Sculpture да донесат малку колаген, заедно со ласери, пилинзи и микронидлинг за да се подобри текстурата, фините линии и брчките. Мислам дека ќе се оддалечиме од нехируршки или минимално инвазивни работи - луѓето се решаваат на повеќе операции. Затоа што операциите помагаат да се тргнат од неприродниот изглед. И негата на кожа  оди напред и луѓето користат активни состојки многу почесто и внимаваат што ставаат на кожата.“

Не се само жени, публиката забележува дека и Мет Дејмон, на пример, е нешто „освежен“. И не се само операции - ако нешто не ви е јасно кај е промената кај човекот што го гледате, можно е да се нови заби. Ако ич не ви е јасно, може да е сепак операција - дискретна ринопластика, на пример.

Во секој случај, без разлика што „природно“ е новото нормално, недостижните стандарди се сè уште тука. Само станува поскапо.

13 март 2025 - 08:33