Текстурата на новата Dior Lady Art не ја прави лесна за комбинирање (што не е проблем, ако ја имаш и со пижами ќе ја комбинираш), ама привлекува внимание затоа што спојот на свила и памук ја прави да изгледа буквално како мов - што било и целта на уметникот. Се работи за Ли Бул, современ уметник од Кореја, која работи со скулптури и инсталации на тема маргинализацијата на жените и патријархалната власт.
Оваа Dior Lady Art е бр. 3, во серија уметнички ташни кои секако е тешко да ги засени секој нареден сроден производ.
А не е дека нема уште неколку за избезумување и будење на чудовиштетот што живее длабоко во нас и почнува да се дере „сите ги сакам.”
Пример:
Пример!!!
При-мер!
Сакате цена?
Во ред.
Тешко се наоѓа цената на интернет, ама во случај да продавате стан или кола, да си планирате: од 4,900 до 11,500 (минимум). Долари.
Дајте дијазепам на чудовиштето што „сите ги сака”, и да продолжиме со денов.