Во чест на нејзиниот роденден, Вог ги извади најинспиративните цитати на Опра, ама ние нема да ја гледаме површно. Во случајов, нека не биде важно што Опра е една од најбогатите жени на светот, или меѓу најуспешните луѓе општо.
Нека биде важно дека се работи за умерена и остварена личност. А парите и успехот не се секогаш дел од равенката за да бидеш таков.
„Тебе ти е работа да откриеш кој ти е повикот и тоа да те води.“
„Тоа што ти се случило во минатото нема никаква моќ над сегашниот момент, затоа што животот е сега.“
„Најголемата авантура што можеш да ја доживееш да го живееш животот од соништата.“
(Важно!)
„Книгите ми беа карта до личната слобода. Научив да читам на три години и наскоро открив дека има цел свет за освојување надвор од една обична фарма во Мисисипи.“
„Направи го тоа едно нешто што мислиш дека не можеш да го направиш. Нека не ти успее. Пробај пак. Направи го подобро вториот пат. Не се сопнуваат само луѓето што не пробуваат да се качат.“
„Не стануваш она што сакаш да станеш, туку она кое веруваш дека ќе станеш.“
„Опкружи се со луѓе што можат само повисоко да те однесат.“
„Размислувај како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Неуспехот е уште еден чекор до величината.“
„Можеш на себе да гледаш како бран во океанот, а можеш да се гледаш и како океанот.“
„Кога гледам во иднината, толку е светла што ме печат очите.“
Нешто од ова може ви се чини празен муабет и недостижно. Ама па, едно од овие да ти легне, веројатно си на коњ.
Пробајте.
Барем тоа со книгите.