Слепо следиме трендови за шминка и не е добро

Ако пробаш на себе, направиш муабет со професионални шминкери и загледаш луѓе по улица, ќе почне да ти станува јасно дека не секој чекор во туторијалите за шминка ти прави услуга. Дали стварно мора серум, па прајмер, па коректор, па пудра, па камена пудра, па хајлајтер, па контурирање, па руж, па вајање веѓи, па фиксатор? Не.

Или, треба толку многу да внимаваме со количината и начинот на нанесување, што тешко ќе ни успее ако не сме нашминкале цели ревии. Во спротивно, многу лесно станува малтер (а за тоа детални упатства има тука).

Има решение. Не мора „пуна ратна спрема”. За ова збори Стефани Ланг, пред своите над милион следачи во видео „Трендови од гуруа за убавина што треба да се избегнуваат”, притоа напаѓајќи ја камерата со ултра јако (читај: ужасно) извајани образи со шминка.

Причината е многу едноставна: едно е со совршени студиски светла пред камера, а друго е на обично кафе во град, или на работа под неонка. За илустрација, вака изгледа Илејн Шепард, спремна за црно-бела телевизија во 1939-та:

До медиумот е. Така зборуваше Стефани Ланг:

12 декември 2017 - 10:29