Слаба, или „слушалки околу струк“ слаба?

Има нов предизвик што се шири по кинеската социјална мрежа Веибо и како и сите предизвици врзани со физички изглед - глуп е.

Предизвикот има наслов „слушалки околу струк“ и така е како што мислите - си ги обвиткуваат струковите со слушалки за да покажат колку им се мали. Го почнува еден акаунт за вести, Toutiaoxinwen.

„За да видите колку сте се здебелиле од седење дома, проверете колку пати можете да ги свртите слушалките околу струк… тагнете нѐ на сликите и тагнете ги пријателите за да го направите предизвикот заедно,“ пишува во глупиот пост.

Од минатата недела има 75.000 лајкови и над 6000 коментари со различни реакции, од кои на некои не им е баш смешно - или завидуваат на тенки струкови, или се нервираат дека предизвикот е само за фалење на сопствената фигура.

Ова е најнов од серија слични трендови во последнава деценија. Во 2015 имаше „Клучна коска - предизвик“ - колку парички ќе ти собере во вдлабнатината, па „А4 предизвик“ од 2016-та, каде што жените се мереа со хартија А4-формат за да покажат колку им се мали струковите. Имаше и „Ајфон 6 колена“, со држење Ајфон преку колената за да покажеш колку ти се слаби нозете.

А точно е дека предизвиците на социјалните мрежи се составен дел од интернет културата, ама ваквите главно ја истакнуваат нездравата опсесија со слабеење и оддржување на нереалистичните стандарди за убавина.

Него, ние што сме со блутут, може ли да јадеме сега?

19 февруари 2020 - 14:24