А, што значи тоа, всушност?
Прво, што го прави еден производ вегански?
Па, основно е да биде произведен без суровост кон животни, значи било каков производ тестиран на животни не смее да се користи. Ама, ова треба да важи и да биде стандард, без разлика дали сте вегани или не. Велика Британија забрани тестирање на животни, и истото се случува во 80 други земји во светот, но во Кина е законска обврска. Така што, ако вашиот омилен производ се продава во Кина, по дифолт значи дека на брендот му е океј тестирање на животни. Не смее да содржи ни состојки како мед и пчелин восок. Ни желатин ни ланолин.
Смее ли некој да го користи терминот?
Ако производот ги исполнува условите погоре, смее на пакувањето да пишува дека е вегански, иако тоа не гарантира дека брендот не практикува тестирање на животни на други територии. Сончогледот како симбол на The Vegan Society е веќе од доверба и помага да се идентификуваат веган-френдли производи. Сепак, кошта да добиеш сертификат и не сите производи што се квалификувани го имаат тој печат.
Кои вегански производи се добри?
Во денешно време има многу ефикасни алтернативи на животински состојки, што значи дека постојат добри вегански производи. Но, истовремено, само затоа што некој производ е вегански, не значи дека ќе ви се погоди. Но, ако начекате, ги фалат Hourglass (иако скапички). Исто и Evolve Beauty, кои имаат лабела без ланолин и пчелин восок, што ретко се наоѓаат.
Од она што ни е попознато, The Body Shop е 100% cruelty-free, ама имаат производи со мед и пчелин восок (има и список на тие што немаат). И на крај, Lush, нема тестирање на животни, ама има вегетаријански производи.