Што треба да облечеш за да не зовриеш летно време?

Главното прашање што треба да си го поставите е дали е суво или влажно времето.

Важни се бојата и дизајнот - кога се работи за боја, повеќето луѓе носат бело во лето, затоа што ги рефлектира сончевите зраци наместо да ги апсорбира како црното.

Сепак, оваа теорија станува покомплексна кога во равенката ќе влезе дебелината и кројот на материјалот, затоа што топлината не доаѓа само од сонце туку и од нашите тела. Значи, топлината што ја зрачат нашите тела, ни се рефлектира назад.

Во 1980 имало студија зошто Бедуините - домородни, семи-номадски племиња што живеат во пустините на Арапскиот полуостров, Блискиот исток и Северна Африка - носат црни  наметки. Откриено е дека изложеноста на топлина е иста, без разлика дали облеката им е црна или бела. Ова е можно затоа што црните материјали полесно зрачат топлина - ја апсорбираат топлината што излегува од телото и ова игра улога во ладењето. Широките црни алишта го загреваат просторот меѓу ткаенината и кожата и создаваат струја што оди нагоре - како оџак - што овозможува ладење.

Важен е и самиот материјал - ако носите тексас комбинезон, нормално дека ќе ви биде потопло од тој до вас што носи ист модел, ама од шифон.

Во однос на кројот, лесни, ткаени материјали како памук или свила се обично подобри за широко наместо плетени. Ова е особено важно кога е влажно.

Бидејќи телото има уште еден механизам за ладење - потењето, и тука влегува материјалот во комбинација. Памукот апсорбира влага, но тешко се суши и ќе завршите со мокри алишта. Ленот се носи често заради „дишењето“ кое е лесно поради големите влакна, но исто така тешко се суши. Ентузијастите за активности по жешко препорачуваат мерино волна - дише, не задржува влага и нема лош мирис.

И на крај, за по дома - ако стварно ви е жешко, професор по физиологија и ергономика препорачува - соблечете се голи. Колку помалку облека, толку полесно испарување на топлината.

Сепак, ако сте во двор или на тераса, не заборавајте заштита од сонце.

6 август 2023 - 23:37