Што престануваат луѓето да купуваат во 2025?

Од некои работи нема потреба и време е за штедење.

На Редит, на каналот #Frugal (штедлив), се појавува прашањето „Дали има работи што сте престанале да ги купувате за да заштедите пари?“

Одговори колку сакаш.

Луѓето престануваат да купуваат пластични кутии за складирање, затоа што забележуваат дека имаат милион по кујна. Освен тоа, пластиката е сомнителна за чување и повеќето се одлучуваат за стаклени кутии како замена - не само што траат подолго, туку не апсорбираат ни мириси.

Флаширана вода - тие што немаат луксуз да можат од чешма, наоѓаат поодржливи начини за прочистување на водата, а тие што изводат - не изводат веќе.

Цигари - стануваат сѐ поскапи и луѓето сфаќаат дека веќе сѐ води кон намалување или откажување.

Билети за концерти - за луѓето од средната класа па надолу, купувањето карти за концерт знае да им го олесни буџетот за стотици евра и долари (особено кога ќе запнат за Тејлор Свифт и Бијонсе). А, во последно време, концертите доаѓаат со екстра трошоци - пиење и јадење што станува сѐ поскапо.

Сокови во ресторан - освен што се лоши за здравјето, стануваат уште еден „луксуз“ што станува сѐ поскап.

Фризер и нокти - иако е добро да се оди редовно, услугите во фризерски или нокти-салон стануваат изгор, па луѓето се одлучуваат за домашни третмани што знаат да покажат одлични резултати на крај.

Вистински елки за Нова година - пластичните едноставно можеш да ги користиш со години.

Сезонски декорации - дали има потреба од уште неколку нови украси за Божиќ и Нова година?

Пакувани комбинирани зачини за храна - наместо „еден зачин за сѐ“, или купуваат посебни и прават свои комбинации, или си растат тревки на тераса.

Играчки за миленици - цели шарени продавници има што те влечат да влезеш и на омиленото животно да му овозможиш нова играчка. Реалноста е дека повеќето животинчиња ќе си играат со што било, само ако им го направиш интересно.

10 февруари 2025 - 12:00