Изведувачите со години го имаат хаштагот #ActorTok за документирање на нивните премрежија во индустријата и совети како да се навигира.
„ТикТок на актерите им овозможи од обични набљудувачи, да се почувствуваат како да учествуваат во индустријата, дури и да не беше така,“ вели актерката Кристин Хорн која на ТикТок има собрано 130.000 следачи.
Се согласуваат и други: Никој од нив не ја користел апликацијата за да го откријат, или да добие традиционален ангажман. Еден Џејмс Танг, со 740.000 на ТикТок објаснува дека сонот да се добие договор за три филма од Нетфликс, како што ѝ се случи на Адисон Реј е скоро па невозможен.
„На повеќето од нас, апликацијата не ни го менуваше животот,“ вели тој, „А за луѓето што добиваа улоги, беше како да бркаат улоги и во самата индустрија.“
Значи стравот не е да не „изгубат работа“, туку само приход. Некои заработуваат и по 1500-3000 долари месечно од Креаторскиот фонд на ТикТок и од соработки, па концензусот е дека барем додека се мачат да најдат ангажман, успеваат да живеат добро, или барем некако.
Алтернативите им се тешки - ТикТок им е лесен, развиен, допамински хит, брзо се функционира на него и видеата се забележуваат многу побрзо отколку на други апликации. На Генерацијата З, брзината на ТикТок и анонимноста што ја нуди како опција им е многу попријатна од миленијал-френдли апликации како Инстаграм и Јутјуб. Јутјуб на пример, го сметаат за долгорочна инвестиција - го градиш долго, а видео што си го ставил пред 5 години може одеднаш да стане популарно.
Во моментов се вртат кон Јутјуб Шортс - а, го прават тоа уште пред заканата за забрана. Природна транзиција им е, затоа што форматот и алатките за монтирање се слични, а за Инстаграм им е тешко да се навикнат иако Рилс има веќе четири години. Сепак, се очекува и на Рилс да мигрираат. Некои од нив ги користат сите платформи со истите видеа.
Некои сè уште смислуваат што ќе прават и дали ќе треба да ги менуваат содржините и да ги скројат за некои други платформи.
Додека е вака неизвесно, согласни се дека важи она - да отвориш дуќан, да го поработиш, па да се селиш. И велат дека никогаш не било главната цел да се имаат огромни бројки, туку да се гради заедница и постојано да се појавуваш - исто како на аудиции.