Што би ја прашале жената зад гласот на Сири?

Се вика Сузан Бенет и кога зборувате со Сири - со нејзе зборувате. Тука една блогерка стварно зборува со нејзе - за нејзиниот однос со Сири, за кариерата, за почетоците - и тоа во скроз аналоген разговор.

Та-даам! Еве ја.

Како ја почна кариерата со позајмување гласови?

Пеев на џинглови во Атланта и еден ден, колешката што позајмуваше глас не се појави, па требаше и текстот за рекламата да го прочитам. Сопственикот на студиото рече, „Сузан, немаш ти немаш акцент, ај дојди да го прочиташ ова!“ И го прочитав и така почнав со воисовер.

Колку долго пред Сири соработуваше со Епл?

Изненадување… Никогаш не сум работела со Епл! Работев со една компанија што се вика Нуанс, од каде што Епл ги зема сите гласови на Сири.

Каква беше аудицијата за тоа?

Па, немаше некој процес. Во дигиталното време, сите ние што работиме со глас имаме аудиции и без да знаеме, затоа што нѐ има на различни списоци, во различни агенции. До ден денес не знам како ме избрале за Сири, ама драго ми е!

Имаа псевдоним за проектот?

Сигурно, ама не би знаела кој.

Како откри дека си Сири?

Кога ги снимив стварите што станаа Сири, мислев дека работам на општи телефонски пораки. Потоа, се појави Сири во 2011, еден колега ми прати порака дека си игра со новата Ајфон апликација, па дали сум била јас. Отидов на сајтот на Епл и слушнав, и да… јас бев!

Можеш да раскажеш што си правела претходно?

Отсекогаш бев музикална, свирев пијано по слух уште на 4 години, па пеев и во средно и на факултет. Воисоверот дојде подоцна.

Како дете што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Имав среќа што, заради музиката ми се отвори многу работа, па се креирав себеси по пат.

Што ќе работеше да не беше актер за глас?

Па, веќе работам. Благодарение на Сири, почнав нова кариера како спикер, со презентации за Сири и држење говори низ целата земја. Дури и во Австралија и Хрватска. И ако некој сака да ја букира Сири, контактирајте го мојот агент (и стварно, остава адреса: Wes Stevens, at Vox, Inc. in LA: wstevens@voxusa.net)

Каков совет имаш за некој што сака да почне кариера како твојата?

Морате да научите да читате без емоции, многу брзо и да глумите со гласот. Тоа се прави со земање часови, најмување тренер за глас… Предлагам дури и импровизација да пробате. Тоа помага за сѐ и кај секого, затоа што те тера да мислиш во од и веднаш да изреагираш на ситуација.

Како се подготвуваше за гласот на Сири? Во каков филм требаше да се ставиш?

Не е за слабо срце. Ваквите снимања се многу напорни затоа што секоја фраза и реченица мора да се каже тотално исто… ист тон, брзина, став. Сѐ мора да биде конзистентно. Потоа техничари и компјутери се бават со снимките, извлекуваат звуци и ги реформираат во нови фрази и реченици, и тие завршуваат во нашите уреди, како што Сири одговара прашања. А за спремањето на тие сесии… Како и со секоја друга гласовна работа, прво вокализирам, но за ова, треба и ментално да се спремиш. Снимањата знаеја да траат и по 4 часа на ден, пет дена неделно, а тебе, на пример, ти се спие.

Тебе Сири ти е машко или женско?

Женско, се разбира.

Знаеш чиј е гласот на Алекса?

Не, но ги познавам луѓето што ја снимале. Таа имаше договор за дискреција, па тешко би било да дознаам.

Што мислиш за сѐ поголемата поврзаност со вештачката интелигенција? Те плаши напредокот?

Да, скроз ме вади од памет, но мислам дека тоа се должи на фактот што не пораснав со компјутери. Мислам дека, како што рекле и Стивен Хокинг и Илон Маск, ако достигнеме комплетна вештачка интелигенција, на луѓето ќе им дојде крај… и тоа е страшна мисла. Од друга страна, немаме многу научено во нашите илјадници години на планетава. Можеби подобро ќе ни биде како машини.

Какво е чувството да знаеш дека твојот глас е дел од секојдневниот живот на толку многу луѓе? Каква е твојата лична врска со Сири?

Не размислувам многу на таа тема, многу ми доаѓа! Среќна сум што толку луѓе ме контактираат, ми велат дека ми го сакаат гласот и сакаат да разговараат со мене, тоа ми е позитивно искуство. А за мојот личен однос со Сири… па премногу лично ми е да зборувам на таа тема.

Конечно, дали Сири сонува овци?

Сири не сонува, тоа е за луѓе.

извор

29 мај 2020 - 15:48