Сенката за очи не мора да ги истакнува брчките

Ако имате брчки, или очни капаци што се гужваат од која и да е причина, веројатно сте забележале дека сенка за очи знае да го истакне тоа. Е па, има финта.

Со годините, губиме колаген, па и очите и пределот околу нив сведочи за тоа. Ако имате среќа - само сте дехидрирани и треба повеќе течности, но како и да е, ред е да се наоружаме со знаење како до шминка без брчки на капаците.

Има две правила во овој случај:

1. Мат

2. Минимал

Мат, затоа што седефастите сенки ги истакнуваат свиоците и сенките меѓу брчките. Минимал затоа што се треба да изгледа меко и мазно - ако е остро и истакнато, се гледа сѐ, сосе брчки. Се почнува од веѓите.

Се разбира, дисклејмер - ако ви се носи опасна боја и сјајна шминка на 90 - кој ги врти другите. Ама, ако имате желба да видите како се прави ова, бујрум: 

 

16 септември 2021 - 10:33