Се претерува ли со стравот од кажување „не“?

Ви се случило: Ве канат на нешто - новогодишна забава, излет, семеен собир - и почнува да ви расте анксиозноста додека се преслушувате дали да одбиете.

Се прашуваш дали ќе се навреди тој што кани, ќе се наруши ли пријателството, ќе сакаат ли пак да те поканат… Дали треба да стиснеш заби и да отидеш? Или многу повеќе те загрижува што треба да кажеш „не“?

Во една пилот-студија се открива дека 77% од 51 испрашан човек прифаќаат покана за нешто што не им одговара, од страв дека ќе се влошат односите ако одбијат. Се секираат дека „не“ може да ги вознемири, налути или натажи тие што ги поканиле. Исто така се грижат дека нема да ги канат веќе и дека нивните покани ќе бидат одбивани.

Потоа се направиле серија истражувања каде што од некои луѓе се побарало да замислат како одбиваат покана, па да ги пријават претпоставките како би се чувствувал човекот што ги кани. Од други пак, било побарано да замислат дека некој ги одбил, па да напишат како тие се чувствуваат.

Излегло дека луѓето што канеле биле многу поразумни и многу помалку вознемирени, тажни или лути отколку што поканетите очекувале дека ќе бидат. Рекле и дека тешко дека едно одбивање би ги натерало да се воздржат од канење во иднина.

Истражувачите откриваат дека асиметријата меѓу тие што канат и тие што примаат покани се случува без разлика дали се канат пријатели, нов пар или луѓе што се долго во врска.

Зошто се случува ова?

Проблемот е што кога некој ќе одбие покана, мисли дека тој што ги поканил ќе се фокусира на студеното одбивање. А реалноста е дека тој што кани ќе се фокусира повеќе на она што поканетиот го мисли. Ќе има тенденција да претпостави дека поканетиот размислувал дали да прифати и ова значи дека не му пречи толку.

Интересното е што, иако истражувањето користело покани за забавни настани, други истражувања покажуваат дека истата шема се случува и кога се бараат услуги. Дури и со понепријатни барања, луѓето ги преценуваат негативните импликации на кажувањето „не“.

22 февруари 2024 - 09:50