Се може ли без телевизија?

Луѓето што живеат без телевизија велат дека се чувствуваат послободни.

Колку време се поминува пред телевизор со традиционална телевизиска програма? Американците во просек проминуваат по три часа. Ако се земе предвид осумчасовниот работен ден и оптималните осум часа сон, ова значи дека 40% од слободното време се пред телевизор. Ич да не ги сметаме овде и часовите поминати пред компјутер и телефон.

Сепак, сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да се откажат од телевизија затоа што им го троши слободното време и им ја цеди енергијата. Некои одат до таму што и воопшто немаат телевизори дома. Oвде можеби се појавува предизвик - настанува една дупка при социјализација, кога сите разговараат за нови филмови или серии. Сепак, некои од тие што сведочат за живот без телевизор велат дека си наоѓаат позначајни занимации што водат до подлабоки дискусии со луѓето.

Без телевизор, некои споделуваат дека поминуваат многу повеќе време во комуникација меѓу себе, без телевизорот да им одвлекува внимание. Играат игри, бинго, се шегуваат и се дружат фамилијарно старовремски.

На децата им читаат на глас, слушаат книги, а им пуштаат и на децата аудио-книги, а откажувањето од телевизорот не им значи жртва, туку можност да истражување што сѐ може да се прави со слободното време.

Значи не зборуваме само за исклучување традиционална телевизија, па останување на стриминг платформи. Зборуваме за ич. 

Би можеле ли?

30 јануари 2025 - 18:13