Ова се само неколку од славните британски и француски куртизани што го разубавувале 19-от век. Една од битните карактеристики што се спомнувале кога се зборувало за нив биле нивните приходи и очекувањата да истураат пари насекаде од луксуз до поддржување уметност.
Сфаќате ли дека дури и куртизаните поддржувале уметност?
Ние што?
Кора Перл (1836-1886) имала две куќерини во Париз и замок во близина на Орлеанс. Колекцијата накит ѝ вредела 26 милиони фунти и имала чизми со дијаманти вредни 600.000 фунти.
Ла Паива (1819-1884) ја изградила една од најголемите куќи во Париз, секоја година трошела 1.3 милиони фунти кај нејзиниот златар и богатството наводно ѝ било над 133 милиони фунти.
Каролин Летесје (1830-1893) имала дијаманти „за со лопата да ги ринеш“, имот во Турен, дванаесет слуги и коњи од кои еден вредел 20.000 франци.
Алис Ози (1829-1893) заработувала милиони инвестирајќи во железници и рудници, а себеси си дозволила годишна плата од 535.000 фунти.
Кетрин Волтерс (1839-1920) имала куќа во Мејфер и луксузни станови во Англија и Франција. Живеела од пари доделени од војводи, принцови и императори.
Лора Бел (1829-1894) добила 26 милиони фунти за една вечер со маж и возела златна кочија.
Вие, како на работа денес?