Роберт Ван и четирите слоеви на човечкото тело

Ако си моден дизајнер и сакаш да ги прикажеш четирите слоеви на човечкото тело, од кожа до душа, како тоа ќе изгледа?

Роберт Ван е дизајнер роден во Хонг Конг, а живее во Лондон. Брендот со неговото име постои од 2014 и дизајнира за жени.

Вниманието на модниот свет го привлекува со уникатниот пристап кон облеката. И последното најјако му е кога во мода ги преточи четирите слоеви на човекот - кожа, мускули, коски и - душа.

„Јас сум концептуален дизајнер. Секогаш почнувам од голема идеја. На пример, колекцијата Д Волт беше инспирирана од енергија и како вените ни се способни да креираат витамини под сончева светлина. Мислам дека е тоа интригантно. Пробајте да ја замислите енергијата што влегува во нашата кожа и ни влегува во вените и се шири по целото тело. Затоа навлегов подлабоко и открив практики кај Африканците и Јапонците и нивната симболична идеја за сонцето како најголем извор на енергија што го познаваме и како го примениле тоа во спиритуална презентација. Го вметнале во културата, во начинот на кој се облекуваат, се однесуваат, во сè. И така добивам идеи за силуети - користам племенски африкански детали и ги мешам со јапонските форми на кимона. Сè е во ширењето на енергијата и има пресметки, математики, физики во сето тоа, сè за да се поддржи енергијата.“

Видете ја сега „душата“:

22 јули 2024 - 11:00