Нотопулос искуството го опишува како „занимливо и крајно збунувачко“.
Апликацијата е преплавена со објави против владата на САД и невозможно е да се разграничи што е потенцијална пропаганда, што иронично се преправа дека е пропаганда, а што се искрени поплаки од владата - а што искрени пораки за добредојде од кинеските граѓани.
Она што е јасно е дека Американците се многу бесни и прават тоа што најдобро прават бесни Американци од дневна соба: мемиња. На пример, едно видео со 30.000 лајкови покажува сцена од Brokeback Mountain каде што главните ликови се гушкаат и пишува „Повторно заедно со мојот кинески шпион.“
Многумина се шегуваат и со хаштагот #TikTokrefugee, дека ќе ги дадат сите свои податоци на кинеската влада. Еден шпекулира дека сите нови корисници добиваат и нов кинески шпион. Главно се врти црн хумор за раздавање податоци, „за инат на Владата“ и се ситат дека се изглупирала, затоа што сега младите во реки се префрлаат на апликација што е можеби уште понебезбедна од ТикТок. Се провлекуваат и други шеги од типот како се луѓето спремни да најдат цела нова сомнителна кинеска апликација, само да не мораат да одат на Инстаграм Рилс.
Сепак, личи дека заулавеноста по РедНоут ќе трае кратко - тешка е за луѓе што не го разбираат јазикот, а некои викаат и дека ги исфрлила. Можно е и некои луѓе само да ја симнуваат како порака за американската влада, а да не ја користат.
ТикТок се помрачува во САД од утре и не се знае како понатаму ќе се развива работата, освен дека може мракот ќе се одложи кога ќе дојде Трамп.