
Тоа, и контроверзните кадри, исто така. Мадона игра пред запалени крстови. Ѝ паѓа прерамката божем ненамерно. Се бацува со светецот. Мадона бива Мадона.
Многу брзо откако излегува, спотот добива напади од сите очекувани страни. Забранет е на државна телевизија во Италија и осуден од Ватикан. Против рекламата за Пепси на Мадона со песната во позадина која инаку беше релативно мирољубива, простестираа неколку семејни и религиозни групи после само две појавувања во Америка.

Според костимографката на Мадона во тоа време, Марлин Стјуарт со која соработува и на Material Girl и Vogue (значи топ костимографка!), тоа што Мадона користи религиозни слики е врзано со нејзиното католичко воспитување. „Мислам дека оваа песна покажува одредена почит кон тоа и го обзема целиот нејзин живот и постоење, но истовремено го меша со идеи на сексуална и религиозна екстаза.”
И се разбира, облеката на Мадона е и овде централна тема: Во првата сцена, Мадона носи капут од личниот плакар на Стјуарт, кој има религиозна важност: „Идејата е дека тоа е свештеничка одора, или барем од некој религиозен ред.” Сепак, едно од највпечатливите парчиња гардероба е неглижето. „Таа порано носеше долна облека за излегување, а јас го најдов ова неверојатно парче,” раскажува Стјуарт. „Го најдов ова неглиже со вшиени фишбани, со името Натали Вуд внатре, значи за нејзе било направено. Во тоа време, луѓето правеле костими со имиња на ѕвездите што требало да ги носат. Беше долна облека, но изгледаше како фустан, поради начинот на кој порано ги шиеле неглижеата. Имале многу подобра структура.”

И на крај додава: „Мислам дека е симболично и дека во крајна линија сака да биде провокативно. Таа идеја ‘не може ова, не може она’ кога ги следиш правилата на религијата се коси со носење на долна облека за излегување бидејќи е голем грев на некој начин. И Мадона си играше баш со тие граници.”
А сега ние да се потсетиме на многу подобрата верзија на Like a Prayer: