Постојат и бракови без секс, и тоа е во ред

Прво, ако сте налетале на статијава, земете длабоко воздух и опуштете се, затоа што не сте сами. Ако сте тука затоа што имате помалку секс отколку порано, размислете што сѐ се случи минатава година: глобална пандемија, економска криза, расни тензии, итн.

Тешко е да си „расположен/а“ кога светот се распаѓа. Но дури и да не е тоа проблемот, одговори за оваа ситуација има.

Експертот за врски, Софи Мона Пагес објаснува дека да си во брак без секс значи дека имаш малку или никаква сексуална активност со партнерот. Но, ова не мора да значи дека има проблем. „Сексот не е суштински за да функционира еден брак,“ вели таа. „Среќни бракови без секс постојат.“

Реалноста е дека сите врски - особено браковите - се различни и не постои „нормална количина“ на секс. Но, бидејќи среќните бракови на филм и телевизија се претставуваат на одреден начин, лесно е да се убедиме дека „нешто не е во ред“.

Ако со партнерот сте среќни и задоволни во вашиот брак без секс - немате проблем. Проблемот настанува ако еден од партнерите е повреден од оваа ситуација и сексуалните потреби не му се исполнети.

Затоа, не трошете време на форуми и пораки до друштво да разгледувате туѓи сексуални бројки, затоа што нормално не постои. Она што ви одговара на вас и на партнерот е она што е најважно.

Сепак, ако не сте задоволни со вашиот сексуален живот, не губете надеж - има начини да се провери кој е проблемот со интимата и да се врати назад.

Имајте на ум дека некоја од следниве работи може да е причина што вашиот партнер има слаба сексуална желба:

  • Проблеми со ментално здравје. Ако се мачи со депресија, анксиозност или други ментални проблеми, ова може да влијае на желбата и способноста.
  • Лични проблеми. Дали е фамилија, или проблеми со изгледот, понекогаш работите со кои секојдневно се справуваме сериозно влијаат на сексуалниот живот.
  • Стрес. Некогаш ти доаѓа премногу. И кога имаш милион нешта на ум, снемува место за секс.

Според Пагес, фокусот треба да биде на комуникација. Се почнува со кажување дека сакате да се справите со ситуацијата. Треба да комуницирате без осуда и кога тоа ќе се реши, време е да се открие каде лежи проблемот.

„Дефинирајте што ви значи сексот, за да се разберете меѓу себе,“ вели Пагес. „Видете кога и зошто почнало ова. Има ли недокажани работи? Срам? Како според вас треба да изгледа здрав сексуален живот? Што ви е заедничко гледиште? Овие прашања ќе ви помогнат да навлезете подлабоко во проблемот, па и да си го вратите назад она што ви фалело.“

Понекогаш, проблемот е губење на поврзаноста. А за одново да се поврзете со партнерот, ќе треба да влезете во контакт со самите себе. Пагес предлага одново откривање на сопственото тело со мастурбација, и на само и во друштво (со партнерот, де).

„Тоа одново поврзување не мора да биде сексуално од прва, може да почне со поминување време заедно, афирмации, флертување…“ додава Пагес.

Други психолози предлагаат терапија за парови, доколку ви треба малку повеќе помош.

Вреди да се запамети дека не постои „нормално“ кога се работи за тоа како еден брак треба да изгледа, особено кога темата е што се случува во кревет. Сѐ додека двајцата посветуваат време на комуникација и продолжуваат да се трудат, промени можат да се случат.

9 јули 2021 - 13:11