Помали се шансите да умрете ако ве оперира жена

Процентот на жени-хирурзи постепено расте во последните 50 години во најразвиените делови од светот, и ова не само што е одлично во однос на еднаквоста - има и уште нешто, што ќе ви се види доста битно: ако ве отвара жена-хирург, помали се шансите да умрете во првиот месец по операцијата.

Едно големо истражување на Универзитетот во Торонто покажува дека пациентите чии операции ги вршеле жени имаат цели 12 проценти помалку шанси да умрат во текот на месецот што следи по операцијата. Учествувале 104,630 пациенти со операции од 2007 до 2015, а бирани биле за да се елиминираат варијабли како возраст, пол и приходи. И хирурзите биле категоризирани по возраст и искуство како и по бројот на операции што ги извеле во болницата каде што работат.

Со сите овие параметри, истражувачите откриле дека жените повеќе ги бивало за одржување на пациентите во живот.

Разликата, според водачот на истражувањето, е во грижата што се способни жените да ја пружат. Мажите и жените различно практикуваат медицина, иако постојат малку докази и истражувања во однос на стиловите на учење, стекнувањето вештини и исходите.

„Не знаеме со кој механизам се постигнува подобриот исход за пациентите третирани од жени-хирурзи, иако може да е врзано со грижата што ја добиваат, која повеќе соодветствува со правилата, пофокусирана е на пациентот и има подобра комуникација,“ пишуваат авторите.

Студијата помага во борбата против (не)свесните предрасуди кај пациентите во однос на здравствените професионалци.

17 декември 2020 - 16:03