Драга Мерилин,
Во целото мое искуство, не сум видел некој да бара автограм за себе. Секогаш е за некое дете, или прастара тетка, што знае да замара, како што сигурно знаеш подобро од мене. Затоа и, со одредена доза на лошење, ќе ти кажам дека имам еден внук што живее во Остин, Тексас, чие име е Џон Аткинсон. Со една нога е на прагот на пубертетот, но тоа е само еден од неговите проблеми. Другиот си ти.
Знам дека не си створена од небесен етер, но тој не знае. Какво било налагање дека имаш нормални човечки функции, би го шокирало длабоко и нема да бидам јас тој што ќе му каже.
Скоро патував во Тексас и жена ми направи фатална грешка да му каже дека сум те запознал. Тој не верува баш, но почитта за мене многу му порасна макар и со таква лага.
Мене нонстоп ми бараат некакви будалести услуги, па нема да се воздржам да побарам услуга од тебе. Дали би му пратила, преку мене, слика од себе, можеби во едно замислено, женствено расположение, потпишана за него, со име, за да покажеш дека си свесна за неговото постоење? Тој е веќе твој роб. Ова би го направило мој.
Ако го направиш ова, ќе ти пратам гостински клуч за женскиот влез на Форт Нокс и, понатаму, многу ќе те сакам.
Искрено твој