Пат Мекграт доби титула Дама

Секоја година, кралицата Елизабета II доделува титули на избрани Британци, оваа година, живата легенда Пат Мекграт е меѓу нив.

Целата титула гласи Д.Б.Е, или Дама на Британската империја за служба во модната индустрија и индустријата за убавина и за диверзитет. Прва шминкерка со овие почести.

„Почестена сум за титулата од кралицата,“ изјави Мекграт, „Воодушевена сум што ми е доделена оваа чест. Опсесијата на мајка ми со убавина и мода ми ја запали искрата за оваа неверојатна индустрија и се чувствувам благословено што сум имала привилегија да работам со исклучителни луѓе во мојата кариера.“

Се заблагодари на Инстаграм, на „најневеројатните луѓе во мојот живот“, на мајка ѝ, семејството, пријателите, колегите и нејзините следачи.

Нејзиниот бренд, Пат Мекграт Лабс е започнат со идеја за инспирација на себеизразување и индивидуалност, а за да се потсетиме за што се способни тие лаборатории, ќе ве испратиме на: Дали ги имаме најдобрите мат кармини на светот?, каде што има и видео-приказ за тоа како изгледаат. Титулата е заслужена.

5 јануари 2021 - 13:10