Ова е Ријаназин

Ај-ди и Ријана заедно работат проект кој уште повредно ќе ги претставува прогресот и инклузијата во културата.

Малку луѓе се епитом на женската моќ, бизнис и креативност како Ријана. Во текот на целата нејзина кариера, како уметник, дизајнер и музичар, Ријана покажува растење кое надминува граници, а нејзината умешност ја измазнува толку беспрекорно што и се покоруваат индустрии вредни милијарди.

Во соработка со Ај-ди магазинот, Ријана го прави Ријаназин - специјален проект кој ги комбинира двете креативни мантри - и нејзините и на сајтот. Славејќи го нејзиното незапирливо владеење со светот на модата, убавината и музиката, а и 40-годишнината на магазинот, соработуваат на ограничено издание во чија изработка учествува Ријана.

Ги претставува луѓето кои одново ја формираат културата во испреплетените светови на модата, уметноста, кинематографијата, музиката и активизмот. Свои манифести за деценијата што следи нудат Џиџи Хадид, Лина Вејт, Алекса Деми, Палома Елзесер и многу други важни, а Ријана вели,

„Мене ми е ова многу посебно издание на Ај-ди - претставува промена и култура. Посветено е на некои од луѓето што прогресивно ги менуваат заедниците на модата, музиката, уметноста и активизмот - создавајќи поинклузивна и поразновидна иднина.“

Дигитално можете да го разгледате тука, имаше и хард-копи, но се разбира - распродадени се.

5 февруари 2020 - 12:25