Оригиналната МИЛФ успеала да си го заслужи прекарот

Џенифер Кулиџ призна дека спиела со над 200 души после улогата во „Американска пита“.

Изразот MILF (Mother I’d Like To Fuck) прв пат е скован баш во филмот каде што таа го глумеше култниот лик на „згодната мајка на другар“. Оттогаш си се користи секојдневно и терминот е влезен во урбаниот речник.

Заради него и улогата, Кулиџ има добиено сериозно сексуално внимание и не се ни жали.

„Многу ќарив кога станав МИЛФ,“ кажа во интервју за Варајети во 2022. „Тој филм донесе многу придобивки. Ќе имаше едно 200 души со кои што немаше да имам спиено да не беше филмот. Можеби го добив ова внимание затоа што ме гледаа како Мајка му на Стифлер или онаа од „Легално русокоса“. И луѓе до кои што не би можела ни да дојдам, сега ме бараа.“

Нејзината изведба во првиот дел ѝ донесе ангажман и во продолженијата на „Американска пита“, а после „Легално русокоса“, „Приказна за Пепелашка“, малата улога во „Пријатели“ и редовната во „Две шворц девојки“, светот конечно ја виде во „Белиот лотос“ како Тања Меквојд, за што доби и Златен глобус.

15 јули 2024 - 00:00