Од хормоните ви е

Уште не ви е јасно зошто плачете на филмови што не се за плачење? Сега ќе ви се разјасни.

Хормоните се хемиски гласници на телото што влијаат на сите функции, од сексуални, до метаболички - што ја прави опсесијата на медиумите со нив не само загарантирана туку и корисна, затоа што денес учиме за хормони. Бројот на книги и истражувања на темава постојано расте, главно под истото прашање:

Што се хормони и зошто се толку важни?

Има една организација - The Hormone Health Network, и таа ги дефинира вака:

„Хормоните се посебни хемиски гласници во телото кои се создаваат во ендокрините жлезди. Овие гласници ги контролираат повеќето главни телесни функции, од основни потреби како глад, до комплексни системи како репродукција, па дури и емоции и расположение. Разбирање на хормоните и што тие прават им помага на пациентите да го контролираат своето здравје.”

Секој жлезда што лачи хормони има своја функција

Хипоталамусот контролира глад, расположение, телесна температура и спиење, додека надбубрежните жлезди, кои произведуваат кортизол го контролираат сексуалниот нагон. Панкреасот создава инсулин кој помага да се контролира нивото на шеќер во крвта, јајниците создаваат естроген, тестостерон и прогестерон, и тестисите произведуваат тестостерон и сперма,

Секој хормон има специфична функција и игра важна улога во начинот на кој функционираме. Естрогенот кај жените на пример го започнува пуберетот, го регулира менструалниот циклус, влијае на расположението и го подготвува телото за бременост. Тестостеронот кај мажите има слични ефекти - пубертет, влакна на лице, згуснување на коски и раст на мускули.

И како што во секој организам постојат нарушувања, начинот на живот може да го наруши и хормонскиот баланс. Симптомите можат да варираат, во зависност од хемијата во телото, но можат да вклучуваат, и сега пазете да не се пронајдете: депресија, анксиозност, промени во расположение, инсомнија и ниско либидо.

Значи тоа што ве мачи во моментов, стварно може да се должи на хормони. И ако трае веќе некое време, може треба да поразговарате со некој што не е интернет.

Дон Кутило, авторка на „Хормонска промена” и основач на здравствен центар во Пенсилванија, вели дека е важно да се препознае дека стресот - кој е тесно врзан со кортизолот - може да предизвика дисбаланс, исто како што може и лоша исхрана. „Мислам дека најважно е да се внимава на шеќерот и да не се заврши на ‘шеќерен ролеркостер'”, изјавува Кутило за Јаху Лајфстајл. „Значи, внимавање на шеќер, кофеин и алкохол и нивно внесување преку оброк ќе помогне барем мастите и протеините од оброкот да го балансираат шеќерот.” Ако не ви е опција да заборавите на шеќер (не ни е), Кутило вели дека некои хербални лекови можат да бидат од помош.

„Билките како мака и женшен стануваат многу популарни,” вели таа. „Доаѓаат во форма на чаеви или апчиња и ако ги внесувате на дневно ниво, ќе ви помогнат со реакцијата на стресот и телото ќе може да ги балансира хормоните.”

20 септември 2018 - 12:14