Во себе не старееме... А кога зборуваме со себе, ѝ се обраќаме на истата личност на која сме ѝ се обраќале кога сме биле мали. Телото е тоа што се менува околу тој безвременски центар.
Мислиме дека ги разбираме правилата кога стануваме возрасни, но она што ни се случува е стеснување на имагинацијата.
Го погледнувам светот и ја гледам апсурдноста околу мене. Луѓето постојано прават чудни нешта, до степен главно да успеваме да не го видиме тоа.
Понекогаш, нештата што не можеме да ги објасниме се највистинити.
Сакам на свој начин да ги паметам работите. Како што сум ги запамтил, не како што навистина се случиле.
Црното има длабочина... Можеш да влезеш во него... И почнуваш да го гледаш она од кое се плашиш. Почнуваш да го гледаш тоа што го сакаш и станува како сон.
Сексот е порта до нешто толку моќно и мистично, но филмовите го претставуваат сосема безлично.
Има убавина во мракот, ако знаеш како да ја бараш.
Соништата и реалноста се поврзани и со истражување на двете страни може да се најде значење.