Не сте толку сиромашни колку што мислите

Ако ви се чини дека сите имаат повеќе пари од вас, размислете уште еднаш. Луѓето лажираат богатство во 2024 како никогаш досега.

Како имаат приватни авиони? Како се нонстоп облечени во нешто ново и дизајнерско? Од кај колите? И вечното, обично малограѓанско прашање - од кај пари?

Социјалните мрежи се хајлајт на сечиј живот. Сигурно нема некој да објави како чисти олуци во недела, ќе објави како пие кафе на тераса. Нема да се испофали дека бил во Охрид, ама затоа ќе отече од ставање слики ако стигне до ресорт во Тунис, да не збориме за Тајланд или Малдиви.

Ништо не правите погрешно.

17 јуни 2024 - 13:12