Природата ни дава уште една прекрасна варијанта на „дамите бираат“. Имено, според едно ново истражување на Стокхолмскиот универзитет, не е толку битна трката на сперматозоидите, туку јајце-клетката бира со тоа што ослободува соединенија наречени хемоатрактанти (хемо-привлекувачи) што ги тераат сперматозоидите да сменат правец на движење, со тоа привлекувајќи или одбивајќи сперматозоид по избор.
Така што, следниот пат кога ќе ги чуете оние излитени фрази дека „ако ништо друго, си бил најбрзиот сперматозоид“, нека ви текне дека не сте најбрзиот него избраниот.
Нели звучи поубаво?