Мијуча Прада:
„Можеш да го носиш најмоќниот фустан и да не си моќна. Можеш да се облечеш како глупаво девојчиште и да бидеш супер-моќна. „Секси“ потекнува од умот, не се должи на облеката. Во таа смисла, мислам дека облеката е нешто што се користи, но не е тоа што ја трансформира личноста.“
Џон Галијано:
„Стил значи да носиш вечерен фустан во Мекдоналдс, и штикли за да играш фудбал. Значи карактер, самодоверба и заводливост.“
Донатела Версаче:
„Мојот стил не е ништо посебно. Носам штикли, тесни панталони и дијаманти.“
Мери Кејт Олсен
„Не постојат правила.“
Никола Жеские
„Она што ми е најинтересно кај модата е што мора да го одразува нашето време. Мораш да бидеш сведок на сопствениот момент.“
Алесандро Микеле:
„Мислам дека модата долго време беше во затвор. Без слобода. Без слобода и со правила е невозможно да се создаде нова приказна.“
Вивиен Вествуд
„Ако нешто обожавате, носете го цело време, не морате сѐ да впиете и да конзумирате. Најдете парчиња што ви одговараат. Така се изгледа извонредно.“
Азедин Алаја:
„Јас правам облека, жените прават мода.“
Коко Шанел:
„Модата не е нешто што постои само кај фустани. Модата е на небо, на улица, има врска со идеи, како живееме, што се случува.“
Карл Лагерфелд:
„Модата има врска со промени - а јас сакам промени.“
Кристијан Диор:
„Не купувајте многу, но тоа што ќе го купите нека биде добро.“
Џани Версаче:
„Мислам дека одговорност на еден дизајнер е да се обидува да крши правила и бариери.
Дајен фон Фурстенберг
„Отсекогаш бев феминист и секогаш кажувам дека да бидеш феминистка не значи да мораш да изгледаш како камионџија. Женствено и феминистичко е она што го претставувам.“
Марк Џејкобс
„Секогаш наоѓам убавина во нешта што се чудни и несовршени. Многу се поинтересни.“
Жан Пол Готје
„Мислам дека вистинската мода доаѓа од нештата што се случуваат во општеството. Ние сепак не сме пророци. Ако прорекуваме прерано не е добро. Мора да биде во вистинско време.“
Албер Елбаз
„Мислам дека ако вбризгаме повеќе љубов во модата, а помалку страв - затоа што денес мислам дека има повеќе страв отколку љубов - ќе имаме прекрасна причина да се будиме наутро.“
Стела Макартни
„Јас сум жена која дизајнира за жени и има многу слоеви во тоа. Од една страна, можам да работам со леснотија, но истовремено значи дека претерувам со размислување за секој детаљ, без разлика дали е физички или ментален, а дури на некој начин и спиритуален.“
Кристобал Баленсијага
„Еден кројач мора да биде архитект за дизајн, скулптор за форма, сликар за боја, музичар за хармонија и филозоф за темперамент.“