На Тарантино не му се брза за последниот филм

Во разговор со филмскиот критичар Елвис Мичел, Тарантино кажува дека не му се влегува веднаш во продукција.

 

„Не ми се брза,“ вели Тарантино. „Тоа го правам 30 години. Следниот месец син ми полни пет години и имам двеиполгодишна ќерка. Кога сум во Америка, пишувам. Коа сум во Израел? Тогаш сум аба, што значи татко.“

Со невообичаена нежност, споделува дека идејата да се впушти во ново патување кога децата се премлади за да разберат, воопшто не го привлекува.

„Сакам некако да не работам каков и да е филм што би почнал да го работам додека син ми не наполни најмалку шест години. Така ќе знае што е работата, ќе биде присутен и ќе го памети тоа цел живот.“

За ќерка му вели дека е веќе толку генијална што едноставно ќе сфати. Ама сепак, не е скроз запрено со работа кај Тарантино дома.

„Ако ве интересира што правам сега, пишувам драма и веројатно тоа ќе биде следниот проект. Ако е фијаско, веројатно нема да ја претворам во филм. Ама ако е хит, може да ми е тоа последниот филм.

Како што Мичел го закача дека глас како неговиот е потребен во светот на филмот, така мекоста кај Тарантино исчезнува и почнува со вообичаена тирада:

„Огромна работа е да изведеш нешто како драма и не знам дали сум способен. Значи, еве. Тоа е предизвик, вистински предизвик, но правењето филмови? Па, што значи сега филм? Што, нешто што се прикажува во кино четири посрани недели? Добро, и веќе до втората недела можеш да го гледаш на телевизија. Не влегов во ова за некакви бледи појави. Мислам, лошо беше уште во ‘97. Лошо беше и во 2019, а тоа беше последна година за филмови. Тоа беше срање, што се однесува до мене, а што правиме што стана драстично полошо? Сега е сѐ за шоу. Сега имаш премиера во кино, и за две недели можеш да го гледаш на стриминг платформа. Во ред. Театар? Тоа не можеш. Тоа е последната граница.“

6 февруари 2025 - 23:24