Можно е Џони Деп да се враќа во „Пиратите од Карибите“

Се спрема нов дел „Пиратите“ и веќе има гласини дека Џони Деп сепак ќе учествува, откако се зарече дека нема затоа што му раскинаа додека траеше скандалот со Амбер Херд.

Нема целосен распоред за да знаеме повеќе детали, но The DisInsider, медиум за вести поврзани со Дизни, вели дека се очекува Џони Деп да се врати како Капетан Џек Спероу. Сепак, втор извор за да го потврди ова сè уште нема.

„Пиратите од Карибите“ е една од најуспешните франшизи на Дизни и студиото се обидува да направи успешен нов дел уште од 2011. Сега кога Џони Деп победи во случајот со поранешната жена, наводно се заинтересирани да се смират со него.

26 февруари 2025 - 11:14