Можеме да си ја дозволиме новата колекција на Марк Џејкобс

Ќе се вика, едноставно - The Marc Jacobs.

Во средата се објави дека Марк Џејкобс ќе стартува со нова колекција, под етикета The Marc Jacobs (да различно е од Marc Jacobs без The) и премиерата ќе биде со предесенски креации за 2019-та. Тоа што најмногу нè интересира во моментов е дека цените нема да бидат само со 3 и 4 цифри во нив, напротив, ќе бидат по-affordable.

Веста со раширени раце ја пречекаа тие што не го прежалија прекинот на една друга колекција, Marc by Marc Jacobs (исто така различно од само Marc Jacobs) во 2015-та.

Џејкобс ја најми руската стилистка Лота Волкова за работа на новиот бренд (има работено со Димна Васалија за Баленсијага, и тоа малце нè секира).

Во моментов ова се чини како паметен чекор, со оглед на тоа што основниот бренд малку се мачи со продажба, а дали новово ќе го спаси, останува да се види.

10 декември 2018 - 16:31