Спојлер: Американските Индијанци уште долго после тоа немаа глас. Не им се слуша ни сега кога се дерат други.
На сцена излегува Сашин Литлфедр (Сашин Мало Перо) и не го прифаќа Оскарот што ѝ го подаваат Роџер Мур и Лив Улман.
Истата година, пред 47 години, Марлон Брандо го објаснува овој потег на едно гостување на телевизија.
Но, да се навратиме на еден детаљ.
Четириесет и седум години.
Предупредени се четириесет и седум години, со јавна личност, на крајно јавен настан со „давање глас“ на малцинства. Ама, на никој не му се замарало со такви работи, изгледа „требало да им созрее“.
Исто како што им созреа на една друга тема што ја покривавме (#MeToo) дека „не требаше така да ѝ направиме на Меган Фокс“.
Марлон Брандо тогаш беше чудак, а Меган Фокс пред 10 години „празноглава лепотица“.
Што ти е мода.