Манекенката со златни нозе

Насловот ИЧ не е метафоричен.

Лорен Васер е дете на манекени, растена е пред камери, на снимања и опкружена со убавина. Играла кошарка, дури и размислувала да се бави професионално со тоа.

И како што животот понекогаш знае, овде решава дека ништо од професионална кошарка - Васер добива токсичен шок од тампон и тоа толку ѝ го сјебува организмот, што мора да ѝ ги ампутираат и двете нозе.

Кратко потоа, Васер решава дека штом не може кошарка, тогаш може мода. Гените дозволуваат. А она ќе си нарача златни нозе. И не само што ќе шета по писта со нив, туку и ќе има манекенска кариера, па и ќе поигрува кошарка. Плус, ќе помага да се подигне свеста за опасноста од синдромот на токсичен шок и колку е тешко да се спроведат закони кои се однесуваат само на подобрување на квалитетот на животот на жените.

Повеќе за синдром на токсичен шок тука.

19 септември 2018 - 11:02