Малку поинакви начини на забава додека сте дома

Може ви е преку глава од совети и идеи како да се забавувате по дома, сега кога станува и пострашно, без разлика што не сте затворени, ама - уште ова.

Мерките ги укинаа, па сега најавуваат нова вонредна состојба. Можете да се движите без да биде тоа криминал, ама бројот на заразени расте, па некако, останувањето дома колку што се може пак личи на добра идеја.

Од блогот Меси Неси Шик изнашле несекојдневни начини да се забавувате по дома - со виртуелно излегување, додека сите аспекти на излегувањето се во вашата дневна соба.

На пример:

Пикник на сафари

Спремете вечера како за пикник: сендвичи, алкохол во термос, ставете некој шешир и постелете ќебе во дневна. Глупо ви е? Ситуацијава помалку глупа да не е?

Седнете и гледајте слонови, лавови, бафалоа и секакви други животни на лајв стрим - на пример Тембе паркот за слонови има камера што работи 24 часа на ден и може да се гледа на Јутјуб.

Дотерајте се за во театар

Сосе накит, сосе ракавици и пенливо вино. Некои од најславните светски театри во моментов нудат онлајн претстави поради КОВИД. Врзете го компјутерот за голем екран и:

Вечера во париско бистро

Направете некоја типична француска вечера и вклучете саундтрак. Овде има саат време амбиентални звуци од полно париско бистро, што е најблиску што можете да стигнете до Париз со затворени граници. (Се стига и преку музика, филмови и книги, ама тоа веќе знаевте.)

Направете филмски фестивал со комшиите, секој од дома

Ако имате среќа да ви се наоѓа проектор и шармантни комшии, па уште и ѕид на располагање - сите на тераса и пуштете филм, како овде:

Ама затоа што за ова многу работи треба да се штиклираат - секогаш ви останува Нетфликс Парти. Има екстензија за Хром и можете да гледате во исто време и да си направите муви најт на далечина.

31 мај 2020 - 22:45